743
Македонската ракометна репрезентација го доживеа првиот пораз против Шведска (32-20) на СП 2021 година кое се игра во Египет.
Нашата селекција лошо го започна натпреварот, а брзоногите Швеѓани тоа умешно го искористија, не дозволувајќи никаков простор на ракометарите на Данило Брестовац.
Во првото полувреме, Македонија имаше негатива од 11-16 против Шведска, а со исто темпо се продолжи и во вториот дел.
Кире Лазаров беше најдобар стрелец во нашиот тим со пет погодоци, а од друга страна, Ване беше најефикасен со 11 голови. Наредниот меч Македонија го игра во сабота против домаќинот Египет.