Француската полиција фрли солзавец врз маскирани демонстранти во центарот на Париз денес додека илјадници луѓе го искористија првомајскиот марш за да протестираат против политиките на претседателот Емануел Макрон.
Работничките синдикати и „жолтите елеци“ беа на улиците на Франција само неколку дена откако Макрон ги изнесе политичките предлози, вклучувајќи и даночни кастрења од 5 милијарди евра.
Ројтерс пренесува дека интервентната полиција испукала солзавец за да разбрка група маскирани демонстранти кои се приклучиле на традиционалната првомајска поворка.
Уапсени се најмлаку 150 учесници, а има и повредени.
Француските власти ги зголемија безбедносните мерки за денеска, поради можност 2000 радикални активисти да се придружат на анти-владиното движење и синдикалните работници. Активирани се повеќе од седум илјади полицајци, а ситуацијата се надгледува и со дронови со цел полициските сили побрзо да делуваат и да спречат евентуално насилство.