581
Во масовна престрелка во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград загинаа осум деца, како и еден обезбедувач, кој бил прв на мета на малолетникот Коста.
-Тој беше извонреден човек, вистински добар дечко, не сакам да биде дека нешто преувеличувам, но навистина е така – изјавил братот на покојниот Драган В. за Телеграф.рс.
Според него, Драган бил разведен и не оставил потомци.
-Немаше деца, разведен беше, но го даде животот штитејќи други деца – вели тој.