Немаше бомба, имаше експлозија од убавина!

by fokus

Музиката е лекот за се нешто кое ни се случува секој ден, и овие лудница-музичари кои на најубав начин ни ги донесоа песните на Queen. Немаше бомба, имаше експлозија од убавина – порачаа од Баги комуникации по повод одржувањето на концертот посветен на Фреди Меркјури, кој вчера се одржа во Филхармонија.

Поради дојавата за наводна бомба во МНТ и блокадата на улиците, беше неизвесно дали воопшто ќе се одржи концертот на пијанистот Бобан Мирковски и пријателите, во чест на Меркјури. Сепак, откако од МВР потврдија дека се работи за лажна дојава, концертот се одржал со половина час задоцнување, бидејќи се чекало да дојдат сите кои купиле билети.

Со настанот се одбележа 30-годишнина од смртта на легендарниот музичар.

Настапија голем број на музички имиња, помеѓу кои Влатко Стефановски, Андријана Јаневска, Мики Јовановски – Џафер, Ади Имери, Биба Додева, Ѓоко Танески и други.

Вики Клинчарова

Поврзани новости