602
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на денешната прес-конференција говореше за кризата во Македонија, но и реформите кои се прават во полицијата.
Исто така, тој додаде дека капиталните инвестиции во Македонија мора да продолжат, затоа што земјава и целиот свет се во тешка состојба.
„Најважно е да ги реционализираме трошоците и парите да ги насочиме кон граѓаните. Капиталните инвестиции се многу важни за да можеме да ја пребродиме оваа криза во наредниот период. Што се однесува до мене, јас немам мобилен кој ми го плаќа државата и така ќе продолжам“, рече Спасовски.