Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски нема информација каква одлука денеска ќе донесе партијата Алтернатива, односно дали тие ќе пресечат за влез во Владата.
-Немам информација каква одлука денеска ќе донесе Алтернатива. Не сум се слушнал со господинот Африм Гаши, рече Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.
Тој рече дека е најдобро да се почека и да се види какви одлуки ќе донесат вечерва и двете партии, односно и Алтернатива и СДСМ, кои имаат состаноци на највисоките раководства.
За големата трагедија во Бугарија изрази сочувства до семејствата, вели дека три дена свесно ВМРО-ДПМНЕ не ги коментирале свесно овие настани.
-Овој немил настан е само продолжение на корупцијата, криминалот и нефункционирањето на државата. Ова е продолжение на претходните трагедии, за кои никаква одговорност нема и не ја научиле лекцијата, рече Мицкоски.