Немам индиции, ниту причини дека пожарот е подметнат, вели Шилегов

by fokus

Немам индиции и причини дека пожарот во возилото бил подменат, вели за „Фокус“ поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов по веста дека изгорел нивниот семеен автомобил „ауди“ .

-Не знаеме како се запалило возилото. Најголема штета во пожарот има соседот на кого му изгоре целосно еден автомобил и уште други два се оштетени, а зафатена е и фасадата, вели Шилегов.

Возилото, пред да биде опожарено го паркирала неговата сопруга Јасмина, а е регистрирано на едукативен центар Џуниор.

Ноќеска дваесетина минути по 3 часот целосно изгоре возилото „ауди“ кое пред да биде опожарено го паркирала неговата сопруга Јасмина, а е регистрирано на едукативен центар Џуниор.

-На 09.03.2022 во 03,20 часот било пријавено дека на ул.”Петре Пирузе” во Скопје настанал пожар во патничко моторно возило ауди со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, а паркирано од Ј.Ш.. Од пожарот зафатени биле и патнички моторни возила пасат, матиз и нисан со скопски регистарски ознаки, сите сопственост на Д.М.(53)”, соопштија официјално од МВР.

Поврзани новости