Немам и никогаш не сум имал друго државјанство покрај македонското. Сметам дека граѓаните апсолутно имаат право да знаат колку (и какви) пасоши имаат политичарите.
Вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров на својот фејсбук профил објави дека нема друг пасош освен македонскиот на иницијатива на новинарот, Горан Михајловски од Сакам да кажам.
Михајловски во својата последна колумна под наслов „Тази ЕУ“ порача дека граѓаните имаат право да знаат дали некој од македонските политичари имал или има бугарски пасош.
-Ние што сме избрале да живееме во оваа држава сакаме да знаеме дали има резервна држава премиерот, пратеникот, специјалниот пратеник, министерот, градоначалникот, општинскиот советник… Нели е фер на избори да знам дали тој што ги носи одлуките во мое име има резервна татковина?, напиша Михајловски.