744
Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција истакна дека нема намера да се кандидира за лидер на СДСМ на престојниот конгрес, кој ќе се одржи на 12 декември.
„Неме да поднесам кандидатура за лидер на СДСМ. Немам такви амбиции“, одговори Филипче на новинарско прашање.
Досега, официјално кандидатура за партиски лидер најави само Димитар Ковачевски, актуелен заменик-министер за финансии и член на Извршниот одбор на социјалдемократите.