Не постојат основи за покренување дисиплинска постапка – ваква одлука донесе Министерството за внатрешни работи по спроведените проверки во секторите за внатрешни работи Скопје и Велес, поврзани со убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.
„Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди (ОВККИПС) при МВР, на барање на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, a во врска со истрагата за двојното убиство на П.Ж. и В.Ѓ., изврши проверки во СВР Скопје и СВР Велес“, се вели во соопштението од МВР.
Од таму додаваат дека со оглед на тоа дека извештајот е класифициран, утврдено е дека не постојат основи за покренување на дисциплинска постапка, а воедно, до Бирото за јавна безбедност при МВР се упатени задолжителни мерки да се донесат нови процедури и упатства за постапување.