Немало постабилна влада од оваа, не е логично да има предвремени парламентарни избори, вели Меџити

by Fokus

Министерот за животна средина и прв заменик премиер, Изет Меџити, вели дека нема логика да се организираат предвремени парламентарни избори кога има стабилна влада. Тој нагласи дека оваа Влада е најстабилна од 90-тите години до сега и има мнозинство од 78 пратеници.

-Од 90-тите до сега немало постабилна влада и немало поголемо мнозинство од ова – 78 и тоа расте и сигурно за кратко време ќе надмине и 80 што е две третини од Собрание. Тоа е доволен коментар. За државата и за граѓаните кога имаш мнозинство од 80 пратеници непотребно е да се размислува за предвремени избори, бидејќи тоа само е трошок за државата и губење време, рече Меџити во одговор на новинарско прашање.

Според Меџити организирањето предвремени избори не е добро, бидејќи најмалку шест месеци пред и после изборите запираат сите постапки, сите јавни набавки, вработувања.

Поврзани новости