Немало нарушување на јавниот ред и мир на протестот во Охрид

by fokus

Не се регистрирани нарушувања на јавниот ред и мир на денешниот протест против отворањето на бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид.

Како што соопшти СВР Охрид, полициските службеници евидентирале едно лице кое на јавно место фрлило предмет кон група граѓани.

– Против лицето ќе биде поднесена прекршочна пријава по член 5 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, стои во информацијата на СВР Охрид.

Поврзани новости