Немаат докази за погрешно постапување, изјавија од Белата куќа по најавите за импичмент на Бајден

by Fokus

Белата  куќа се огласи по објавата на претседателот на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Кевин Мекарти, дека го поддржува покренувањето на официјална истрага за импичментот на претседателот Џо Бајден, јави Ројтерс.

Портпаролот на Белата куќа Иан Самс изјави дека републиканците не откриле докази за погрешно постапување.

-Екстремната политика во најлоша форма, напиша Самс на социјалните мрежи.

Републиканците, кои сега тесно го контролираат Претставничкиот дом, го обвинија Бајден дека профитирал додека бил потпретседател од 2009 до 2017 година од странските деловни потфати на неговиот син Хантер Бајден, иако тие не презентирале докази.

-Ќе одиме таму каде што ќе не одведат доказите, изјави Мекарти.

Бајден претходно им се потсмеваше на републиканците за евентуален импичмент.

Ниту еден американски претседател никогаш не бил сменет од функцијата со импичмент, но постапката – некогаш реткост – стана вообичаена.

 

 

Поврзани новости