768
Загрижува фактот што во некои градови каде состојбата со корона вирусот беше под контрола, во изминатите неколку месеци значително се влоши, но нема потреба за посилни рестрикции.
Ова е денешната одлука на Комисијата за заразни болести, која ја соопшти министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес-конференција.
Иако некои градови побараа полицискиот час да започне од 19 часот, сепак, Филипче смета дека мерката рестрикциите да започнат од 22 часот е доволна.