Нема време за губење во евроинтеграциите, порача Вархеји по средбата со Муртезани

by Fokus

Имавме добра размена на мислења за пристапниот процес на Северна Македонија, објави попладнево на Икс еврокомесарот за соседска политика и проширување Оливер Вархеји информирајќи за неговата денешна средба со министерот за европски прашања Орхан Муртезани.

– Проширувањето е наша заедничка цел. Се согласивме дека нема време за губење кога станува збор за комплетирање на потребните чекори, наведе Вархеји, додавајќи дека сите алатки се тука за да се направи голем успех за луѓето од земјава.

Претходно, во изјава за МИА, Муртезани истакна дека на средбата се разговарало за европската интеграција на земјава, за предизвиците и пречките на нејзиниот пат кон полноправно членство во ЕУ, вклучително и за уставните измени, како и за Планот за раст на Западниот Балкан и за реформската агенда поврзана со него.

Поврзани новости