Нема веќе да се разговара за линеарно покачување на пензиите, вели Тренчевска

by Fokus

Демократско право е пензионерите да протестираат, вели министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска. Таа, сепак, додаде дека за нивното барање за линеарно покачување на пензиите, веќе нема да разговара со нив.

„Во овие мерки нема линеарно зголемување на пензиите затоа што линеарното зголемување не оди во прилог на пензионерите, на сите пензионери. Со новата методологија, само за една и пол година најниската пензија е покачена речиси 3.200 денари, а во согласност со растот на пензиите и натаму ќе се применува новата методологија и ќе се оди со она што ни е законско решение сега во моментот“, рече Тренчевска.

Додаде дека работна група подготвува нова мерка за подобрување на стандардот на пензионерите, но ќе се однесува на оние со најниски пензии.

Поврзани новости