687
Претседателот на Здружение на судиите на Република Македонија, Џемаил Саити денеска ги промовираше протоколите во Граѓанскиот и Кривичен суд во Скопје.
Како што потенцираше тој, во нашата држава нема услови за да се спроведуваат онлајн судења, поради недостаток на опрема.
„Пречка првин се процесните закони, особено во кривичните постапки, неопходно е првин нивно прилагодување. Мислам дека и судовите не располагаат со техничка опрема за спроведување на судења со употреба на интернет технологијата“, истакна Саити.