По десет години брак манекенката со македонско потекло Данијела Димитровска и популарниот српски ТВ водител Огнен Амиџиќ објавија дека се разведиле.
Веста ја споделија со заедничко соопштение, појаснувајќи дека станува збор за заедничка одлука.
-Ние ќе останеме пријатели поради нашиот син, но на темава повеќе нема да се огласуваме и да даваме изјави. За нашиот развод не е виновна трета личност, па нема место за дополнителни шпекулации. Ве молиме да ја почитувате нашата одлука да не зборуваме за оваа тема – соопштија.
Парот се венчаше пред десет години во Земун, а една година подоцна се роди нивниот син. Раскажуваа дека се запознале кај Огнен во емисија и тој веднаш се воодушевил од неа.
Потоа тој и ја посвети песната ,,Данијела” која ја сними со поранешната група ,,Фламингоси”.
Пред Данијела, Огнен беше во брак со поранешната новинарка Милица Марковиќ, со која исто така се запознал на снимање на емисија.
Вики Клинчарова