Нема судир на интерес во случајот со членот на ДКСК и директорот на АНБ, вели претседателката на ДКСК

by Fokus

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска на денешната собраниската седница одговарајќи на пратеничко прашање за соработката на членот на ДКСК, Цвета Ристовска со Универзитетот за туризам и менаџмент и дали постои судир на интерес, бидејќи Ристовска го водеше предметот за директорот на АНБ, Бојан Христовски, рече дека таа нема склучено договор за финансиски надомест и не е член на наставниот кадар на Универзитетот.

„Членот на Комисијата нема склучено договор за финансиски надоместок и не е член од наставниот кадар на Факултетот. Таа последен пат била ангажирана како експерт-предавач пред околу четири години. Во однос на начинот на распределба на предметите, истиот е уреден во Деловникот за работа на Комисијата. Предметите се распределуваат електронски и нема можност за човечки фактор, односно субјективизам. Ги почитуваме строго овие правила кои се утврдени во Деловникот и Законот, рече Димитровска.

Таа потенцираше дека ДКСК носи одлуки само врз основа на проверени, утврдени и институционални факти и информации за секој поединечен случај по кој што постапува.

Поврзани новости