Нема салмонела во мострите од храната во градинката во Берово

by Fokus

Не е утврдено присуство на бактеријата салмонела во земените мостри од храна и суровини за подготовка на храна од кујната во детската градинка „23 Август“ во Берово, покажаа резултатите.

Центарот за јавно здравје соопшти дека кај сите земени мостри од десет видови на храна во градинката, не е пронајдено присуство на бактеријата салмонела.

„Претходно, како што знаете негативни беа резултатите за присуство на саломенела и во примероците земени од површините каде се подготвува храна, а нема утврдено присуство на бактеријата ниту кај самите вработени“, соопштија од градинката.

Оттаму посочија дека во насока на поголема сигурност за работата на установата од Центарот за јавно здравје, претходно се дадени препораки за дезинфекција и поголема хигиена во градинката.

Примероци на бактеријата салмонела досега беа пронајдени кај 11 дечиња кои беа згрижени во установата, поради што кујната во градинката беше затворена.

Поврзани новости