И на последната седница пред распуштање на Собранието, предлогот за менување на изборниот законик беше отфрлен и не се најде на дневен ред.
Предлог – измените на седницата ги поднесе пратеничката група на ДПА. Со нив се предвидуваше прекројување на изборните единици, односно разликата на бројот на гласачи од една до друга изборна единица од 5 да се намали на 1 отсто.
Еден од предлозите беше гласачите од Дебар да се префрлат во петата изборна единица, со што би се дошло до некакво урамнотежување на бројките.
Инаку, Државната изборна комисија пред речиси два месеци го предупреди Собранието и министерството за правда дека шестата изборна единица е незаконска, но никој не презеде ништо.
Овие законски измени беа дел од пораките и на еврокомесарот, Јоханес Хан, кој на последната посета им порача на партиите да постигнат договор во однос на редефинирање на изборните единици пред изборите.