„Стручниот колегиум при ЈЗУ УК за респираторни заболувања кај децата-Козле, одговорно тврди дека сите лекари кои биле инволвирани во лекувањето на детето ги презеле и реализирале сите расположливи и потребни прегледи и иследувања, дадена е соодветна терапија според медицинските протоколи, не е утврден пропуст во постапувањето и лекувањето на детето, во согласност со целокупната медицинска документација како доказ во клиниката“.
Ова се наведува во соопштението од болницата „Козле“ во Скопје во врска со смртта на 14-месечното бебе од село Гошинце.
Од таму велат дека искрено жалат и изразуваат сочувство до семејството за загубата на детето.
Детската Клиника-Козле како и целата јавност, го очекува мислењето на етичката комисија на Лекарската комора на Македонија и потоа ќе преземе понатамошни соодветни чекори, додаваат од болницата.