Нема промена на Уставот под овие услови, му рекол Мицковски на канадскиот амбасадор

by Fokus

Од ВМРО-ДПМНЕ информираат дека нивниот лидер Христијан Мицкоски денеска остварил средба со Џајлс Норман, амбасадор на Канада во Македонија.

Според партијата, на средбата биле потенцирани добрите односи помеѓу двете држави, при што Мицкоски се заблагодарил на амбасадорот за поддршката која Канада и ја дава на Македонија.

Воедно на средбата се разговарало за македонските евроинтеграции.

“Истакнав дека на Македонија местото и е во Европската Унија, но условите според кои треба да биде дел од унијата треба да бидат како за сите земји членки, односно според Копенхагеншките критериуми. Потенцирав дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ во однос на уставните измени останува непроменет, односно дека промена на Уставот под бугарски диктат и под овие услови нема да има, а истото ќе биде пренесено во Собранието“, рекол Мицкоски, соопштија од неговата партија.

Поврзани новости