Нема промена на командирот на ГП Ќафасан, ВМРО-ДПМНЕ да престане да шири лаги, велат од МВР

by Fokus

Министерството за внатрешни работи најостро ја демантира лагата пласирана денеска од страна на ВМРО-ДПМНЕ дека наводно за  командир на граничен премин Ќафасан пред три месеци било поставено лице со отслужена затворска казна за криумчарење.

Станува збор за класична лага пласирана од оваа партија. Нема никаква промена  на командирот на ГП Ќафасан! Напротив, подолг период командир на ГП Ќафасан е Ј.Б., професионалец со одлични резултати во работењето. Апелираме да ВМРО-ДПМНЕ да престане да ги лаже граѓаните.

 

Поврзани новости