Нема продолжување на учебната година во средните училишта

by Fokus

Нема продолжување на учебната година во средните училишта, заклучи  Владата на денешната седница на која донесе одлука за утврдување на бројот на наставните денови во учебната 2021/2022 година во средните училишта.

-Со оваа одлука се утврдува дека бројот на наставните денови во тековната учебна година во средните училишта изнесува 146 наставни денови, односно дека нема продолжување на учебната година, информира прес-службата на Владата.

Поврзани новости