438
Поранешната министерка за култура Елизабета Канческа-Милевска која од СЈО е обвинета во случајот „Тендери“ нема да оди во притвор, но и понатаму останува со одземен пасош, соопштија од скопскиот Апелациски суд.
Од СЈО вчера бараа да се одреди притвор за екс министерката, додека таа се бранеше дека не е виновна и дека треба да и биде вратен пасошот. СЈО бараше притвор и за второобвинетата државна советничка во Министерството за култура, Лидија Лазарова Цветковска, и одбивање на жалбата за враќање на пасошот на Јулијана Угриноска, економистка во Министерството за култура.