Поранешниот градоначалник на Кочани, Ратко Димитровски, бизнисменот Томе Главчев и Коле Смилевски, тројца од деветмината обвинети во новата истрага на СЈО, „Поштенска банка“, нема да одат во притвор.
По неколку часа поминати во Кривичниот суд, пред судија на претходна постапка, тие дознаа дека ќе се бранат од слобода. Сепак на осомичените им се изречени мерки на претпазливост, односно Димитровски и Главчев еднаш неделно треба да се јавуваат во судот, а на Смилевски му е одземен пасошот.
СЈО бараше притвор за трјцата осомничени, кои ги гони за кривично дело сторено во период од 2001 до 2010 година.
Истрагата опфаќа повеќе поврзани настани за сторени кривични дела – Перење пари и други приноси од казниво дело од чл.273 и со истата се опфатени девет лица и тоа: Коле Смилевски, Томе Главчев, Ратко Димитровски, Викица Поповски, Гкеорги Каратолис, Кирил Јаневски, Зоранчо Митровски, Ристо Милев и Златко Ѓорчев. Од извршените кривични дела сторени во временскиот период од 2001 до 2010 година била прибавена имотна корист во износ од околу 5 милиони евра.
Според СЈО организатори на злосторничката група биле Љубчо Георгиевски, како претседател на Владата на Република Македонија во 2001 година, Марјан Ѓорчев како вицепремиер и Никола Груевски како министер за финансии, кои со цел да го контролираат фактичкото функционирање на „Поштенска банка“, организирале во основањето на Банката, покрај „Македонска пошта“, која била во државна сопственост, да учествуваат и правните лица кои тие ги избрале – „Ноел Експорт импорт“ Гевгелија и печатница „Европа 92“ Кочани. Сепак како што појаснуваат од СЈО, овие лица не можат да се гонат кривично бидејќи настапила застареност на кривичното дело „Злоупотреба на службената положба и овластувње“