282
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху побара ослободување на 240 заложници, земени од Хамас за време на нападот на 7 октомври. Тој порача дека нема да има примирје се додека не се вратат заложниците.
„Нема да има примирје без враќање на заложниците. Ова треба целосно да се отстрани од речникот“, им рече Нетанјаху на воздухопловните екипажи во воздухопловната база Рамон во јужен Израел, повторувајќи ја позицијата на владата.
Израел денеска ги отфрли повиците за прекин на огнот во Газа, а воените експерти рекоа дека израелските сили се подготвени да ги интензивираат операциите против палестинскиот Хамас, без временска рамка.