Нема препорака да се мешаат вакцините. Како за првата доза истиот производител треба да биде и за втората доза. И тоа се официјалните препораки на сите производители. Немаме официјална препорака дека може да биде вакцина од еден тип за прва доза и друг тип за втора доза, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.
„Сè уште има бројка на граѓани кои се над 60 години и не се вакцинирани. Има околу 42 проценти вакцинирани од вкупната популација над 65 години. Со кампањата очекуваме уште поголем број граѓани да се пријават за вакцинација. Не се се уште сите вакцинирани и тие вакцини нема да бидат неискористени. Не ги креираме препораките и ставовите кој со која вакцина треба да се вакцинира врз основа на тоа што е расположливо како тип на вакцина, туку врз основа на стручните препораки. Додека не сме сигурни дека е безбедна вакцина согласно сите случаи кои се пријавуваат за компликации за помлади од 60 години тоа ќе остане така“, рече Филипче.