Kабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху соопшти дека нема прекин на огнот во јужниот дел на Газа, пренесе „Ројтерс“.
Претходните извештаи на „Ројтерс“ објавија дека договорот постигнат меѓу Египет, САД и Израел ќе дозволи денеска накратко да се отвори преминот Рафах за да се овозможи хуманитарна помош да стигне до Газа и да им се овозможи на некои Палестинци со двојно државјанство да можат да влезат во Египет.
Се чини дека видео снимката од преминот Рафах покажува многу луѓе и семејства со мали деца како шетаат наоколу, но останува нејасно дали преминот е отворен.
„Во моментов нема прекин на огнот и хуманитарна помош во Газа во замена за повлекување на странците“, соопшти кабинетот на премиерот Бенјамин Нетанјаху.
Граничниот премин Рафах се очекуваше да биде отворен пред 45 минути.