Премиерот Димитар Ковачевски изјави дека во моментов не се водат разговори за влез на друга партија во владејачката коалиција.
„Такви разговори нема во моментов, меѓутоа јас и во моето експозе при изборот на новите министри и заменици кажав дека оваа Влада останува отворена за сите политички партии и поединци и организации кои сакаат да се приклучат наЕвропскиот сојуз
, а кои сакаат да учествуваат во носење одлуки кои значат побрзо зачленување во ЕУ и носење побрзо и поефикасно на реформските закони за сите значајни области во Собранието“ порача Ковачевски.
Премиерот Ковачевски, одговарајќи на новинарско прашање, посочи дека има партии кои декларативно се „за“ влез во Европската Унија или НАТО, но не поддржале ниту една одлука поврзана со зачленувањето на земјава во овие организации.