605
Министерството за внатрешни работи информираше дека во вчерашниот пожар во ресторанот „Рагуза“ нема повредени лица.
„На 07.08.2021 во 23.02 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар во угостителски објект на покривот од катната гаража „26 Јули“ на бул.„Кирил и Методиј“. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увидот е во тек“, додаваат од МВР.