411
Шпекулации се информациите дека ноќеска требало да биде отстранет споменикот Воин на коњ на централниот плоштад во Скопје, вели министерот за култура Роберт Алаѓозовски. Тој денеска изјави дека во Министерството нема активна постапка за отстранување друг споменик после оној на Андон Јанев – Ќосето.
-Шпекулации се тврдењата и бранувања во јавноста дека ќе отстрануваме некој следен споменик – рече министерот.
Елаборатот за Воинот на коњ на работната група за „Скопје 2014“, додаде тој, е пристигнат во Министерството пред повеќе од два месеци. Истиот, рече министерот, е препратен до сите надлежни институции и како ќе постапува ќе се одлучи во координација со инспекторите од овие институции.