Нема полициски час, во Србија од утре ќе работат само продавниците за храна, аптеките и бензиските пумпи

by Fokus

Српската премиерка Ана Брнабиќ изјави денеска дека од утре до понеделник во државата се ќе биде затворено, освен продавниците за храна, аптеките и бензинските пумпи.

По седницата на Кризниот штаб за борба со епидемијата на коронавирусот, Брнабиќ изјави дека нема да има полициски час.

Според неа, тие мерки се компромисно решение бидејќи медицинскиот дел од Кризниот штаб побарал затворање во траење од 14 дена.

Поврзани новости