Нема поголем застој и гужви на граничните премини

by Fokus

Утрово не се забележани гужви и застој на граничните премини во државата, особено на „Богородица“ кој е најфреквентен граничен премин. Од камерите на Јавното претпријатие за државни патишта може да се забележи дека се пуштени две ленти со патнички возила кои брзо поминуваат на грчка страна.

„Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата“, соопшти Автомото сојузот на Македонија(АМСМ).

Од АМСМ препорачуваат возачите да ја  прилагодат брзината на движење, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и внимателно да управуваат со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.

„Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево“, соопшти АМСМ.

Поврзани новости