Во последните 24 часа се направени 2.802 тестирања, а регистрирани се 15 нови случаи на КОВИД-19 од: Кичево – 5, Скопје – 4, Тетово – 3, Прилеп, Охрид и Делчево – по 1, соопшти Министерството за здравство.
Регистрирани се 14 оздравени пациенти од: Скопје – 11, Куманово, Гостивар и Кичево – по 1.
Не се регистрирани нови починати лица.
Направени се 2.802 тестови преку: ИЈЗ-178, ЦЈЗ Скопје-54, ЦЈЗ Битола-53, ЦЈЗ Прилеп-27, ЦЈЗ Тетово–19, ЦЈЗ Куманово–37, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија-4, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–24, МАНУ-0, Жан Митрев (Филип Втори)-184, Авицена-219, Биотек-379, Систина-122, лабораторија Лаор-189, Синлаб-41, Ремедика-40, Плодност–65, Генеа–24, Никоб лаб-507, ВФВ Медикал-24, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 612.
Досега во земјата се направени вкупно 841.125 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.583, бројката на оздравени пациенти е 149.690, на починати е 5.472, а бројот на активни случаи изнесува 421.