483
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Шабан Салиу, се пожали дека нема доволно пилоти кои ќе ги возат трите противпожарни авиони, вклучени во гаснење на пожарите низ земјата. Тој најави дека ќе побара од Владата да објави оглас за пилоти.
Салиу денеска уверуваше дека состојбата со пожарите во Македонија е под контрола. На неколку места, рече, гори, нискостеблеста шума и сува трева. Тој ги повика припадниците на политичките партии физички да се вклучат во гаснење на пожарите, наместо да ги користат за меѓусебно обвинување.