441
Екипите на кумановската противпожарна единица претпладнево го изгасија пожарот на помошен објект во кумановското село Пчиња, соопшти територијалната противпожарна единица Куманово.
Според информациите, пожарот избувнал во 4.00 часот, утрово и најнапред интервенирала само една екипа, по што е испратена и втора со друго возило.
Пожарникарите во текот на вчерашниот ден интервенирале двапати и на пожар во село Проевце кај „Ловечки дом“ кој минатата ноќ беше предизвикан од удар на гром.
Првиот пат почнале да го гасат од 13.45 до 14.55 часот, а вторпат од 16.35 до 18.00 часот, се наведува во информацијата од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово.