Досега нема утврдено одговорност во Министерството за транспорт и врски, но секаде каде ќе се утврди треба да има одговорност за автобуската несреќа, вели министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.
„Беса транс“ повеќе не смее да ги управува автобусите, одземена е лиценцата од Министерството за транспорт и врски, а сега, сопственикот на компанијата треба да ја врати.
-Сите документи побарани од Обвинителството се предадени, за непречена истрага, досега никој во министерството за транспорт и врски нема одговорност, дополни тој.
Според него изводот од лиценцата кој бил користен од опожарениот автобус, е број на друго возило со други регистрации, исто така сопственост на „Беса транс“.
-Тоа е злоупотреба. Во друг наврат ја прикажувал лиценцата од фирмата. На тој начин свесно ги прекршувал одредбите на законот. Затоа му е одземена лиценцата“, рече Бочварски.