Нема ново парламентарно мнозинство, тврдат од СДСМ

by Fokus
Со месеци Христијан Мицкоски го лажеше народот дека само што не формирал ново парламентарно мнозинство. Вчера излезе на виделина лагата на Мицкоски, ново парламентарно мнозинство нема. Парламентарното мнозинство е стабилно и одговорно кон иднината на државата и народот, информираат од владејачката СДСМ.

„Ова парламентарно мнозинство нема да ја става државата на ризик и нема да гласа за брзи предвремени парламентарни избори. Мнозинството ќе се посвети на реформите за државата да продолжи напред во решавање на последиците од пандемијата и во соочување со енергетската криза, и почеток на преговорите со ЕУ“-се вели во соопштението.

Поврзани новости