66
Нема нови случаи на салмонела во детската градинка „23 Август“ во Берово. Градоначалникот Звонко Пекевски за Телма изјавил дека се чекаат резултатите од вчерашниот вонреден инспекциски надзор на Центарот за јавно здравје и инспекторите од Агенцијата за храна и ветеринарство.
Локалната власт најави дека за случајот со салмонела во детската градинката во Берово ќе се свика и Советот на родители и Управниот одбор на градинката.
Пред два дена родители кои имаат згрижено деца во детската градинка „23 Август“ реагираа дека нивните деца се заболени и се пожалиле на грчеви во стомакот и дијареа.
Од петте мостри кои ги има земено Центарот за јавно здравје во Кочани се покажа дека кај две деца ја има бактеријата салмонела.