Министерството за надворешни работи ги отфрли наводите дека се подготвуваат нови обврски за Македонија и Бугарија надвор од договорените принципи во меѓусебниот Протокол.
„Сите појавени информации за внатрешната поставеност, за начинот на организација, акциските планови и приоритетите на новата Влада се внатрешна работа на Република Бугарија, и тие не претставуваат резултат од меѓусебните разговори“, стои во соопштението на МНР.
Шефот на бугарската дипломатија Николај Милков вчера изјави дека непосредна задача на бугарското МНР во однос на билатералниот дијалог со Северна Македонија ќе биде усвојување на писмен документ, што ќе ги дефинира задачите на институциите во Бугарија со конкретно утврдени обврски.
На ова реагираше опозициската ВМРО-ДПМНЕ, повикувајќи ја Владата да одговори што содржат новите документи од Бугарија.