Нема никој да не обесхрабри во политиката на сплотеност, вели Османи

by Fokus

Во нашата држава секогаш има фактори кои сакаат Република Северна Македонија да се одвлече од патот на ЕУ и да се одржи перманентна латентна криза, затоа што тогаш трети фактори од надвор најдобро го имаат своето влијание, изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи.

– Наша задача е да не делуваме на емотивна основа. Мора ладнокрвно да ја согледаме нашата перспектива и интерес. Во овој правец граѓаните да немаат сомнение дека политичките партии во Владата, независно од етничка припадност, се сплотени како никогаш досега во историјата на оваа држава во заштитата на националните интереси и на македонскиот народ, и на Албанците и на другите и на државата во целина. Нема никој да не обесхрабри во таа наша политика или пак да не сподели во таа сплотеност, што има историска димензија, порача Османи, кој заедно со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Килиан Вал го посетија полицискиот центар во Ѓорче Петров и присуствуваа на показна вежба на припадниците на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ и Единицата К9.

Поврзани новости