Малата подморница Титан, која исчезна во Атлантскиот Океан за време на обиколката на потонатиот брод Титаник, е заклучена однадвор и невозможно е да се излезе од неа без туѓа помош.
Ова го изјави за Би-Би-Си Дејвид Пог, новинар на американската телевизија CBS, кој минатата година патувал во Титан, туристичка подморница во сопственост на компанијата „Oceangate Expeditions“.
Се проценува дека во таа подморница, која исчезна во неделата, сега има пет лица кои имаат кислород уште 70 часа.
Пог рече дека откако луѓето ќе влезат во Титан, подморницата е запечатена однадвор.
„ Нема начин да избегате од таму, дури и ако испливате на површина. Не можете да излезете од подморницата без персоналот кој е однадвор да ве пушти надвор“, рече Пог, кој ја опиша подморницата како „цврста како карпа“.
Тој рече дека кога бродот кој служи како потпора на Титан е над подморницата, можно е да се разменат кратки пораки меѓу нив.
„Јасно е дека оние во бродот веќе не добиваат одговор од подморницата“, изјави американски новинар кој патувал во Титан.
Во таа мала подморница се британскиот милијардер Хамиш Хардинг, како и пакистанскиот бизнисмен Шахзада Давуд и неговиот син Сулејман.
Имаше тврдења дека Стоктон Раш, извршниот директор и основач на „Oceangate Expeditions“, компанијата која ги организира овие туристички тури на потонатиот брод Титаник, како и 73-годишниот Французин Пол-Анри Нарзеоле, исто така се во неа, но Би-Би-Си наведува дека нема независна потврда што ги засега овие две лица.
Д-р Сајмон Боксал, предавач по океанографија на Универзитетот во Саутемптон, рече дека е „вистински предизвик“ да се идентификува каде е исчезнатата подморницата и да се врати назад, за „Би-Би-Си“
Опишувајќи какви услови најверојатно ќе има во подморницата ако е на морското дно, тој рече:
„Ќе биде топло, ќе биде тесно. Нема место за бегство“.
Тој верува дека е малку веројатно дека Титан е на површината и дека можеби се заглавил на дел од урнатините.
„Тоа е огромен предизвик, со кој никогаш порано не сме морале да се справиме. Имаше трагични случаи на воени подморници кои седат на морското дно каде што имаат многу повеќе ресурси и многу повеќе кислород на располагање, но во овој случај времето е многу кратко и следните неколку дена ќе бидат критични“, изјави Боксал.