Лидерот на ДУИ Али Ахмети се огласи преку Фејсбук, потенцирајќи ги уште еднаш европските вредности кон кои се стреми државата, кои пак беа причина вчера, пратеникот од Беса Катриот Реџепи, како дел од новото парламентарно мнозинство, што не се појави на гласањето во Собранието за недоверба на владата на Заев.
-Пријателството со Соединетите Американски Држави и Европската Унија, но и со земјите од регионот е без алтернатива и неприкосновено под никакви услови и под никакви околности. Денес преовладуваше совеста за заеднички достигнувања, слобода, еднаквост, правда, добрососедство, евроатлантска ориентација на нашата земја и безбедна прозападна иднина. На нашата земја и треба повеќе безбедност, повеќе стабилност и целосна политичка предвидливост. Негирањето на Охридскиот договор, Договорот од Преспа, добрососедството, но и НАТО, Европската Унија, Република Косово, албанскиот јазик – не може да има место овде. Како што кажав, нема да постапуваме со емоции ниту со еуфорија. Заедно засекогаш и секогаш!, напиша Ахмети на Фејсбук.
Пред полноќ пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, Беса, Алијанса и Алтернатива и Левица не успеаја да обезбедат кворум за да изгласаат недоверба на владата.