За случајот со пациентката која што почина откако не била примена на интензивна нега на Инфективната клиника, министерот за здравство Арбен Таравари рече дека се работи за пацинетка која била заболена од леукемија и тврди дека нема лекарска грешка. Рече дека побарал извештај за да види од што точно починала пациентката.
– Се работи за случај со акутна леукемија, добив податоци од Хематологија, тоа е сериозна малигна болест со лоша прогноза. Пациентката е лекувана на Хематологија по сите протоколи. Таа имала 48 години. Инфицирана е и од Сарс-Ков 2, што е веќе нормално и го преживуваме денес сите. Во меѓувреме за пациентката е консултиран анестезиолог и инфектолог и дадени се предлози за терапија, но треба да знаеме од што починала пациентката. Кај акутна леукемија следува тежок период по добиена терапија. Гарантирам дека пациентката е третирана по сите протоколи.
Причината за смртта не е дека не работела интензивната нега во инфективан клиника. Интензивно лекување има речиси на сите клиники. Тие сите имаат интензивен дел со специјални услови за третман“ рече Таравари.
Тој нагласи дека респиратор има скоро на сите клиники и не верува дека причина за смртта на пациентката е тоа што немало респиратор.
„Побарав извештај за да дознаам за што се работи. Не верувам дека причинита е тоа што немало респиратор“, рече Таравари.
СДСМ вчера објави дека пациентка која утрото во лоша состојба не била примена на интензивна нега во Инфективната Клиника, а потоа била вратена и од Карил, потоа починала. Пациентката не била примена бидејќи била позитивна на Ковид, за што е потребен респиратор. Наводно била одбиена и бидејќи одделението за ковид пациенти се реновирало.