Нема кворум за смена на Абазовиќ

by fokus

Црногорското Собрание денеска не го усвои предложениот дневен ред за седницата на која требаше да се расправа за разрешување на вицепремиерот Дритан Абазовиќ.

За дневниот ред се изјаснија 77 пратеници, од кои 20 беа за, 11 против и 46 воздржани.

На седницата дојдоа речиси сите членови на власта и опозицијата, а членката на Демократскиот фронт Симонида Кордиќ гласаше преку видео линк.

Премиерот Здравко Кривокапиќ побара разрешување на Абазовиќ, бидејќи коалицијата „Црно на бело“ (ГП УРА и ЦИВИС) и пратениците од опозицијата побараа да се изгласа недоверба на Владата, за што пратениците ќе гласаат утре.

Абазовиќ пред почетокот на седницата изјави дека е „опуштен“, а по неа додаде „ по моја некоја слободна проценка утре ќе има уште помалку за поддршка на владата. Работата е недвосмислена. Тоа е продолжение на одговорот на волјата на народот. И да беше поинаку, нема проблем. Единствената тенденција во моментов е сите заедно да изнајдеме одржливо решение кое може да ја турне земјата напред“.

-Многу слично седницата ќе заврши и утре, додаде тој.

Поврзани новости