860
Негативни се резултатите од тестот за корона вирус на пациентот кој денеска во утринските часови со висока температура се јавил на Клиниката за инфективни болести. Ова попладнево го потврди премиерот Оливер Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата по лидерската средба во Владата.
Министерот за здравство, Венко Филипче на пладневната прес-конференција во Владата рече дека пациентот здрав се вратил од Германија на 7 март, а изутрината со висока температура се јавил на Инфективната клиника.