Нема измена на цените на регулираниот пазар, вели Бектеши

by Фокус

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска соопшти дека измена на цените на регулираниот пазар нема да има до 31 декември.

-Со новата одлука на РКЕ согласно податоците што ќе ги дадат ЕСМ, МЕПСО и ЕВН дистрибуција за првите шест месеци од наредната година, тогаш РКЕ ќе излезе и ќе ги каже новите цени за регулираниот пазар, а ние ќе даваме инпут преку ЕСМ со намалување на цената на производство, со намалување на одредени барања на МЕПСО – рече Бектеши.

Како што истакна Бектеши, РКЕ треба да ги признава барањата што ги доставува ЕВН.

Поврзани новости