Нема изјави од државниот врв по итниот кризен штаб во Тетово

by fokus

Нема изјави од државниот врв по итниот кризен штаб што беше формиран по пожарот во којшто изгоре во модуларната болница во Тетово. Премиерот Зоран Заев рече дека нема да има изјави додека институциите не излезат со официјални информации за бројот на жртвите и причините за пожарот во којшто загинаа најмалку десет лица.

Истото го повтори и градоначалничката на Тетово, Теута Арифи која рече дека се уште немаат информации од институциите и иако се очекуваа изјави по кризниот штаб сепак она што беше официјално, го соопштија на социјалните мрежи.

Вечерва заседаваше итен кризен штаб што беше формиран во Општина Тетово. Во итниот кризен штаб со кој раководи премиерот Зоран Заев беа и замениците и министрите: Артан Груби, Љупчо Николовски, Венко Филипче, Фатмир Битиќи, Оливер Спасовски, Аријанит Хоџа, Крешник Бектеши, Фатмир Бесими, Јетон Шаќири како и градоначалничката на Тетово Теута Арифи.

Поврзани новости